КОШАРКАСПОРТ

Победа против Денвер, но го изгубија Ентони Дејвис

Лос Анџелес Лејкерс го добија дуелот против Денвер Нагетс со 126:108, но го загубија Ентони Дејвис кој поради повреда на десната нога го напушти теренот по само 19 одиграни минути.

Леброн Џејмс постигна 30 поени, а Расел Вестбрук дојде до трипл-дабл од 15 поени, 12 асистенции и 11 скока. Во тимот на Денвер, додека Никола Јокиќ го заврши мечот со 25 поени и 11 скока.

Лука Дончиќ беше предводник на Далас Маверикс во триумфот над Портланд Трејлблејзерс со 130:110. Словенецот постигна 33 поени, а еден помалку уфрли Вуд. Кај гостите, Лилард беше стрелец на 24 поени. Бостон изненадувачки загуби на домашен терен од Орландо со 109:117. Џејсон Тејтум постигна 31 поен за Бостон, а најефикасен кај победникот беше Мориц Вагнер со 25 поени.

Во останатите мечеви беа постигнати следните резултати Шарлот – Атланта 106:125, Детроит – Сакраменто 113:122, Бостон – Орландо 109:117, Кливленд – Индијана 118:112, Филаделфија – Голден Стејт 118:106, Торонто – Бруклин 116:119, Чикаго – Њујорк 91:114, Оклахома – Минесота 110:112./Makfax/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button