ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Почетокот на 2021 Собранието ја дочека блокирано, повеќе оптимизам за оваа година?

2021 година го најде Собранието блокирано од илјадници предложени амандмани за секој закон предложен од мнозинството и опозицијата. Оваа акција дојде од албанската опозиција Алијанса и Алтернатива како одговор на Владата која не прифати компромис за Законот за државјанство.

“Во секој закон до кој имаме пристап, ние ќе блокираме сè додека не се постигне заеднички договор амандманите на законот за државјанство да бидат повлечени и да седнеме и да разговараме за секој амандман одделно“, велеше Скендер Реџепи, Aлијанса- Алтернатива.

Претходно опозицијата ја оспоруваше довербата на Владата, а Христијан Мицкоски неколкупати најавуваше ново мнозинство. Заев ја предизвика неговата недоверба во Собранието, и истото ја сочува со 62 гласа.

На 29 јули власта попушти пред барањата на опозицијата за државјанство. Собранието го донесе Законот за државјанство со олеснителни одредби и постапка за добивање државјанство

„Честитки и за многу краток период ќе имаат право да аплицираат, а на повеќето од нив ќе им се констатира државјанство со законот кој што го поминавме“, изјави Зиадин Села, Претседател на Алијанса за Албанците.

Истиот ден беше усвоена и резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ за утврдување на државните позиции на блокадите за евроинтеграциите, односно позициите во однос на Бугарија. Резолуцијата беше поддржана и од албанските партии.

Собранието во текот на оваа година не постапи по ниту една интерпелација, додека барањето на опозицијата за разрешување на министерот и заменик министерот за здравство по трагедијата во Модуларната болница во Тетово, претседателот на Собранието Талат Џафери го одби поради тоа што иницијативатата е спротивна со Уставот.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button