ВЕСТИМАКЕДОНИЈАСПОРТ

Во трагедијата во пожарот кој го зафати ноќниот клуб во Кочани, почина Андреј Лазаров, фудбалерот на Шкупи

Во трагедијата во пожарот кој го зафати ноќниот клуб во Кочани, почина Андреј Лазаров, фудбалерот на Шкупи

Македонскиот фудбал остана без едно име во трагедијата во пожарот кој го зафати ноќниот клуб во Кочани. Андреј Лазаров, членот на Шкупи, им подлегна на повредите додека беше хоспитализиран во болница.

Advertisements

Откако јавноста објави дека се бара Андреј Лазаров, се огласи Шкупи од каде посочија дека тој е хоспитализиран во болница во Штип. Сепак, Лазаров не издржа, заради изгореници и вдишување на чад почина на 25-годишна возраст.

Младиот кочанчанец оваа сезона беше дел од Шкупи, а низ кариерата играше за хрватските клубови Горица и Рудеж, како и за Тиквеш, Работнички и Металург.

Повеќе колеги се простуваат од Андреј Лазаров на социјалните мрежи…


Иако претходно имавме информации од неговото семејство дека е во стабилна состојба, со длабока болка и огромна тага ја споделуваме веста дека нашиот фудбалер, Андреј Лазаров, е потврден како една од жртвите во трагичниот пожар што се случи во текот на ноќта во Кочани.

Како херојска душа што беше, Лазаров го загуби животот обидувајќи се да им помогне на другите да се спасат од просторот зафатен од пожар. Тој се задуши од чадот за време на неговите обиди да спаси животи, покажувајќи храброст и хуманост до последниот момент.

Неговиот херојски чин засекогаш ќе остане во нашето сеќавање, како сведоштво за неговиот благороден карактер и неговото големо срце.

Ова е огромна загуба за нашиот клуб, за неговите соиграчи и за целата фудбалска заедница. Зборовите се мали за да ја опишат болката што ја чувствуваме во овие моменти, во оваа трагедија – една од најголемите во која е погодена нашиот клуб во неговата историја.

ФК Шкупи изразува најискрено сочувство до неговото семејство, неговите блиски и целото големо семејство на нашиот клуб.

Андреј беше дел од Шкупи само шест месеци, но неговото име засекогаш ќе остане неизбришлив дел од нашиот тим.

Споменот за него ќе живее вечно во нашите срца.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button