МАКЕДОНИЈА

Почина Виктор Мизрахи, долгогодишен претседател на Еврејската заедница

По кусо боледување денеска почина Виктор Мизрахи, долгогодишен претседател на Еврејската заедница во Република Северна Македонија и поранешен почесен конзул на  Израел.

Тој активно учествуваше на домашен и меѓународен план во реализацијата и изградбата на единствениот сефардски Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија и во поставувањето на спомен обележје на депортираните македонски Евреи во меморијалната поставка во Треблинка.

Виктор Мизрахи е роден во 1950 година во Скопје во еврејско семејство кое загубило стотина членови по бугарската фашистичка депортација на македонските Евреи во Втората светска војна.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button