ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Почна амандаманската расправа за ребалансот

Почна амандаманската расправа за ребалансот

Намалување на акцизата за горива за 50 проценти и ДДВ-то од 18 на 5 проценти, нула ДДВ на основните прехранбени производи, финансиска помош за исплата на плати на вработените во приватниот сектор и 5 проценти од наплатениот данок на додадена вредност да се префрли на општините како помош во кризата. Ова се дел од амандманите поднесени од страна на опозициските партии за ребалансот на буџетот.

„Народот нема пари, нема пари струја да плати сега од први јули следува покачувањето сега од први, кај ќе бегате. Вие секако немате комуникација со народот. Реформи во јавна администрација онаа која што никако да биде сервис на граѓаните, планирани се 200 милиони денари помалку односно 47,5 проценти ете толку вие ќе вложувате во јавната администрација и нејзините реформи“, изјави Дафина Стојаноска- Пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.

За пратениците на власта мерки во ребалансот се предвидени за оние на кои им требаат најмногу.

„Тоа што кажувате дека има финансиски средства само за плати не е точно, значи има финансиски средства за помош на компаниите, за таргетирани семејства, граѓаните, пак ќе ги повторам компаниите зошто во оваа криза треба прво да се помогне на оние на кои што им е најтешно. Јас би бил најсреќен да бидеме богата држава и секое семејство да добие од државата 10 илјади евра толку се парите“, нагласи Диме Велков- Пратеник на СДСМ.

Во следните седум дена пратениците во комисијата за финансирање и буџет ќе расправаат за поднесените 204 амандмани. Еден од амандманите е барањето на Сојузот на синдикати за зголемување на платите во администрацијата за 2.800 денари. По усвојувањето на ребаланост се очекува да се донесат и владините мерки за помош на компаниите и граѓаните.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button