ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Почна да работи регионалната депонија Русино во Полог

По три години договарања, неуспеси, подеми и падови, конечно од денеска и официјално е во функција заедничкото претпријатие „Русино Полог“, по издавањето на дозволата ден претходно од Владата, односно дирекцијата на Министерството за екологија дека ова претпријатие ги исполнило условите и може да се отвори за деветте општини од Полог за депонирање на отпадот.

„Со ова и официјално сме управители на депонијата Русино и тоа значи дека денеска договорите со секое комунално претпријатие и концесионерите од деветте општини од полошко, ќе ги потпишеме и на тој начин ќе ја официјализираме нашата соработка со комуналните претпријатија.“

Иако, договорите се готови, сепак дел од деветте општини од Полошко сè уште го немаат подмирено долгот кон заедничкото претпријатие.

„Не е направено, не е направено, на последната средба што ја имавме на 18 јануари каде што имаше претставници од општините и претпријатијата, им дадовме рок да ја исполнат оваа обврска, две недели од денот на потпишувањето на договорот да ја подмират оваа обврска, но пет општини не го исполнија тоа, а четири да.“

Јавните претпријатија од деветте општини ќе можат да го депонираат отпадот во Русино за сума од 2,5 евра за тон отпад.

Bashkim Sulejmani

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button