ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Почна да се гради гасниот терминал во Александропулос

Стартува изградбата на гасниот терминал Александропулос. Со официјална церемонија премиерите на земјите од регионот се согласија овој терминал во североисточниот дел на Грција да ги направи независни од рускиот гас и да обезбеди непречено и безбедно снабдување. Во овој терминал ќе се складира течен гас донесен со бродски танкери, ќе се преработува и ќе се испорачува кон другите држави. Целосната изградба ќе чини 400 милиони евра, а земјава учествува со 10 проценти или 40 милиони евра.

„Со овој проект наместо на нашата држава да биде присутен само еден извор на гас сега е отворена можноста да имаме снабдување на гас од повеќе извори како гас од Соединетите Американски Држави, Блискиот исток и од други земји. Ова значи сигурни и безбедно снабдување на гас што ќе ја направи земјата енергетски независна“, рече Ковачевски.

Грчкиот и бугарскиот премиер ставија потпис за почеток на изградбата на овој терминал за кој велат ќе го направи регионот целосно независен од рускиот гас.

„Наскоро ќе можеме да се ослободиме од гасот што доаѓаше од руски извори и нашите земји преземаат заедничка улога на новата енергетска карта“, рече Мицотакис.

„Ќе ја промениме енергетската маша на Европа. Балканот е регион со 65 милиони луѓе и ние можеме да направиме многу повеќе“, изјави Кирил Петков- Премиер на Бугарија.

На церемонијата присуствуваше и претседателот на Србија Александар Вучиќ и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Дел од експертите посочуваат дека набавката преку овој терминал односно течен гас ќе биде поскап за 10 од 20 проценти од моментално набавениот руски гас. Земјава паралелно со овој проект, кон средината на годинава ќе почне и со изградба на интерконектор за природен гас кон Грција. Македонија до децении зависи само од рускиот гас кој доаѓа преку Бугарија кај Крива Паланка.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button