ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Почна првиот Преспа форум дијалог на тема „Западен Балкан: Делот што недостига за Европа да биде целосна“

Започна првиот Преспа форум дијалог, во Охрид и Отешево.

Дводневната конференција е на тема „Западен Балкан: делот што недостасува за комплетирање на Европа“. На неа ќе учествуваат претседатели, премиери, официјални лица и експерти од Западен Балкан и Европската унија. На отворањето на конференцијата ќе присуствуваат премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас, поранешната висока претставничка на ЕУ Федерика Могерини (преку видео врска) и поранешниот комесар за соседство и проширување Јоханес Хан, главните креатори на Договорот од Преспа од 2018 година.

Според соопштението на македонската влада, на конференцијата ќе учествуваат двајца претседатели на држави, на Словенија и Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и Борут Пахор, како и четири премиери од регионот, Еди Рама, Зоран Тегелтија, Ана Брнабиќ и Албин Курти и осум министри за надворешни работи од Албанија, Австрија, Црна Гора, Хрватска, Косово, Романија, Полска, Грција, Чешка и Италија. Помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот на САД, Филип Рикер и заменик помошник Секретар во Бирото за Европски и Евроазиски работи во Стејт департментот на САД, Метју Палмер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button