ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Почна скијачката сезона на Шапка, огромен број на посетители

Почна скијачката сезона на Шапка, огромен број на посетители

Иако со задоцнување, но изреката вели, „подобро некогаш отколку никогаш„. Туристичката сезона овде во Попова Шапка започна денеска, има многу снег, но има и гости кои се дојдени од други земји да уживаат во овој прекрасен ден на Попова Шапка. Скијачите се надеваат дека во иднина ќе има снег за сезоната да трае што подолго. Истото го очекуваат и челниците на оваа атракција.

„Прв пат доаѓаме, многу е добро, изгледа како чудо, местото е добро“, рече еден турист.

Децата беа тие кои најмногу уживаа во снегот и почетокот на сезоната.

Новинар: Дали ви се допаѓа Попова Шапка и дали уживавте?

„Многу сум задоволен. Земав скии. Сакам да скијам и да правам снежни топки“, рече еден турист.

Попова Шапка денеска работеше со полн капацитет, а најавените врнежи следните денови се очекува да овозможат и ноќно скијање, вели директорот Адем Авзиу.

„Денес имаме оптимални услови за скијање. Ја започнавме скијачката сезона и имаме многу посетители. Се чини дека луѓето едвај  чекале сезоната во овој скијачки центар да се отвори. Подготвени сме, има предупредувања за нови нормални врнежи денеска, првиот ден имавме мали пречки, но сите беа отстранети. Сите ски-лифтови се во функција освен Целипашина бидејќи имаше многу магла, но сега имаме сонце и условите се подобрени и во секој момент се очекува да биде пуштен во употреба. Се надевам дека ќе имаме и ноќно скијање викендов“, изјави Адем Авзиу- директор на Попова Шапка.

Снежните врнежи и создавањето услови за почеток на туристичката сезона влијаеа на зголемување на бројот на гости, од земјава и од соседните земји. Интересот за посета на првиот ден од отворањето на скијачката сезона денеска предизвика колоната автомобили да биде долга и до пет километри./Алсат.мк

Башким Сулејмани

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button