ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Почна увидот за големиот пожар во Тетово

Почна увидот за големиот пожар во Тетово

Почна увидот на тетовското обвинителство во поранешниот тетовски тутунски комбинат, кој во понеделникот беше зафатен од пожар. Заедно со противпожарни вештаци од Скопје во текот на следните денови треба да се утврдат причините за пожарот, но и местото каде и како првично настанал. Од тетовското обвинителство не информираат колку се очекува да трае увидот и кои се натамошните чекори потоа. Во понеделникот наутро од засега непознати причини во поранешниот тутунски комбинат избувна пожар кој траеше неколку часови. Причинетата материјална штета според сопственикот на опожарениот магацин е над 12 милиони евра./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button