ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Почна второто полугодие, учебници сè уште нема

Почна второто полугодие, учебници сè уште нема

Учениците повторно се вратија во основните и средните училишта. Денеска почна второто полугодие. И покрај недостигот на одредени учебници, раководителите на училиштата, најавуваат успешна настава.

„Работата со греење е регулирана од највисоките институции кои се надлежни за тоа. Тие се погрижија наставата да продолжи како што треба. Имавме доцнења при комплетирањето на некои книги, најголем дел од книгите ги имаме во училиштата и очекуваме преостанатиот дел да ни го донесат“, рече Елита Демири, директорка на О.У „Васил Главинов“.

Учениците кои ги сретнавме ги раскажаа најубавите моменти од зимскиот распуст.

Некои од учениците ги запишале своите доживувања од зимскиот распуст во своите тетратки и ги читаа на час.

„Читам книги кога имам време, кога немам… што да правам. Ни беше мило што ја запознавме учителката“, рече една ученичка.

„Излегував со семејството, спортував, играв фудбал. Многу ми се допаѓа, тоа е многу добар спорт“, додаде друг ученик.

Учебната година ќе заврши на 14 јуни за да се завршат 180 работни дена од наставниот календар./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button