ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Почнаа работите за изградба на училиште во скопско Визбегово

И покрај почетокот на работите за изградба на толку потребното основно училиште во Визбегово, жителите на оваа населба се скептични дека тоа ќе биде завршено во предвидениот рок, односно 18 месеци. Како што велат, речиси секоја активност на власта се прави за политичка корист.

Една народна поговорка вели – без да видиме покрив, не веруваме. Се надеваме дека и овој пат нема да биде политички маркетинг.

Веруваме дека ќе биде направено, но без да го видиме крајот не веруваме бидејќи ова барање е од одамна, од 2014 година или порано. Нешто се гледа, но крајот ќе се покаже сè.

Жителите на Визбегово и учениците се мачат 20 години од овде до Шутка за да одат на училиште, на дожд, снег и ветер. Секој почеток е тежок, но се надеваме дека крајот е успешен.

Училишната зграда се очекува да биде пуштена во употреба за учебната 2023-24 година. Се планира во неа да учат 500 ученици во 17 паралелки.

Поради немањето основно училиште во Визбегово, над 1.400 ученици од одеа до Бутел, Чаир и Шуто Оризари.

Melihate Rustemi

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button