МАКЕДОНИЈА

Почнува дваесеттиот фестивал „Албански театар во Северна Македонија“

Во Центарот за култура во Дебар, традиционално, по дваесетипат вечерва ќе биде отворен фестивалот „Албански театар во Северна Македонија“.

-Честа да го отвори јубилејното издание ќе му припадне на тетовскиот театар со претставата „Проклетите“ од Олса Пошка а во режија на Гент Чајани. Следните денови ќе настапат актерите од театарот „Темпули“ и Албански театар од Скопје. Тука се и театрите од Драч и Корча, Албанија и од Урошевац и Приштина, Косово, рече Илбер Нуредини, директор на фестивалот.

Додаде дека за отворен фестивалот ќе го прогласи градоначалникот Хекуран Дука, а пред тоа ќе биде одржана свеченост на која ќе бидат доделени признанија на институции и поединци кои дале поддршка и придонесле во афирмирањето на оваа значајна културна манифестација.

Фестивалот завршува на 8 септември кога ЕЛИПС 92 ќе презентира фрагменти од уметничкиот живот на актерот Бајруш Мјаку под наслов „101 улога, 102 живота“ на сценарио на Решат Камбери а во режија на Филип Херин, по што ќе бидат доделени наградите за најдобра претстава, режија, актер и актерка.
Нуредини оствари средба со директорот на Центарот за култура Зинче Мимидиноски, на која се финализирани потребните активности.

-Како и секоја година даваме целосна поддршка за реализација на фестивалот „Албански театар во Република Северна Македонија“, кому веќе две децении ширум му се отворени вратите на нашата установа а така ќе биде и понатаму, напиша на објава на Фејсбук, директорот Мимидиноски.

Додаде дека вратите на Центарот за култура-Дебар секогаш ќе бидат ширум отворени и за сите културни настани и културни работници
Одржувањето на манифестацијата со 1,5 милиони денари ја поддржува министертвото за култура.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button