ВЕСТИРЕГИОН

Почнува пописот на населението во Хрватска

Во Хрватска денеска почнува пописот на населението, кој е предвидено да трае до 17 октомври. Денеска почнува првата фаза од самопопишувањето, преку системот е-Граѓани и ќе трае до 26 септември, додека од 27 септември почнува втората фаза, кога попишувачи ќе излезат на терен.

Во втората фаза од пописот, од 27 септември до 17 октомври, на терен ќе излезат околу 8.000 попишувачи, кои во лично интервју со населението ќе ги попишат сите што не биле попишани во првата фаза.

„Исклучително, доколку се утврди дека не се наведени сите единици до 17 октомври, ќе го продолжиме периодот на пописот до 29 октомври“, рече Лидија Брковиќ, генерална директорка на Заводот за статистика.

Хрватското законодавство предвидува казни за непопишување, кои се движат од 270 до 670 евра за физички лица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button