Денеска треба да започне расправата за предлог ребалансот на буџетот за 2024 година, и пратениците од власта и опозицијата да ги соочат своите аргументи „за“ или „против“ прекројувањето на државната каса. Со ребалансот се предвидуваат 5,1 милијарда денари, дополнително за исплата на пензии, за финансиска поддршка во земјоделскиот сектор, за студентски оброк, како и пари за проекти во општините.
За власта овој ребаланс значи обезбедување на финансии за нормално функционирање на државата, а од друга страна опозицијата обвинува дека ребалансот е катастрофално лош. Според нив, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја суспендираа политиката на постојано покачување на платите која функционираше со години наназад.