ВЕСТИМЕТРОПОЛРЕГИОН

„Подавам рака на соседите“, вели кандидат за претседател на Бугарија

Независниот кандидат за претседател на Бугарија, предложен од иницијативата „Правда за секого“ и поддржан од Демократска Бугарија, Лозан Панов деновиве ќе го посети Скопје каде, според најавите, ќе има средби „со пријателите на Бугарија и со претставници на македонските Бугари на кои ќе се разговара за иднината на бугарско-македонските односи“.

Панов, кој е отворен критичар на состојбите во судството во Бугарија и истакнат судија и прв човек на Вишиот касациски суд, а претходно и на Управниот суд, смета дека само договорот е она што најмногу може да донесе до приближување на позициите меѓу двете земји, но, како што вели, „емотивната поврзаност сама по себе е товар во решавањето на заедничките прашања“.

Панов е дециден дека говорот на омраза е сериозен проблем во бугарско-македонските односи. – Говорот на омраза го насочува нашиот балкански темперамент во погрешна насока и затоа нема место во добрососедските односи, а уште помалку во образованието на идните генерации, вели Панов за МИА, додавајќи дека „подава рака на соседите“ и дека тие што ги довеле односите меѓу Софија и Скопје во ќорсокак ќе го искористат во оваа предизборната кампања.

Тој е подготвен да го преземе овој ризик, бидејќи, како што вели, во моментов европската иднина на регионот е тест за интегритетот на секој политичар, без разлика на која страна од границата се наоѓа. – Нашиот заеднички пат е Европа и ова прашање не треба да се поставува ниту со дали, ниту со но, вели Панов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button