ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Подготвителен состанок во РКЕ за состојбата со мазутот

– Во тек е подготвителен состанок за состојбата со мазутот, на кој утринава присуствуваа и претставници од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). На состанокот се договори ДПИ да достави дополнителни документи за да може Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) да има целосен пресек на состојбата во однос на мазутот, информираат од регулаторното тело.

Од таму додаваат дека по сеопфатните анализи на подготвителниот состанок, РКЕ утре ќе одржи вонредна седница на која ќе бидат донесени соодветни одлуки по доставените информации од наодите на Државниот пазарен инспекторат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button