ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поднесени 13 приговори до ДИК за гласањето и за сумирањето на резултатите од изборите

До Државната изборна комисија (ДИК) досега се поднесени вкупно 13 приговори за постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на резултатите за локалните избори што се одржаа во неделата.

До Комисијата четири приговори поднела Коалицијата предводена од СДСМ. Од Алијанса за Албанците и Алтернатива има шест приговари.

Од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ поднесени се три приговори.

Државната изборна комисија дополнително ќе закаже седница за разгледување и одлучување по приговорите.

Според роковникот за изборни дејства, ДИК е должна во рок од 72 часа по приемот на приговорот да донесе одлука. Против одлуката на ДИК, подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button