ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Поевтинуваат бензините и дизелот, Регулаторна ја образложи ваквата одлука

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 2 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Од таму појаснуваат дека одлуката е донесена поради тоа што престанува да важи Уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба, со што практично од вечерва на полноќ во сила стапува Законот за акцизи.

Според новиот ценовник, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 18.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 ден/лит.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button