СПОРТ

Погба потпишува четиригодишен договор со Јувентус

Францускиот интернационалец Пол Погба ќе потпише договор на четири сезони со италијанскиот гигант Јувентус. Се очекува играчот да пристигне во Торино на 9 јули и да ги помине медицинските прегледи пред да го потпише договорот.

Погба е добро познат во Јувентус. Тој играше за „бјанконерите“ помеѓу 2012 и 2016 година и забележа 177 настапи. Играчот од средниот ред ќе добива 8 милиони евра по сезона плус уште два милиони во вид на бонуси.

Погба имаше единствена желба да се врати во Јувентус, па затоа и немаше преговори со други потенцијални клубови. За него се интересираа и Пари Сен Жермен, Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Извор: МакФудбал

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button