ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поголема заштита на „свиркачите“ кои ќе пријават криминал

Укажувачите не се заштитени. И пет години по примената на Законот за заштита од укажувачите и ден – денеска постојат аномалии. Првата антикорупционерка Билјана Ивановска сподели пример на укажувач. Иако тој пријавил неправилности при работењето на директорот во инститцијата, него никој не го заштитил. Во јавното претпријатие имало мал број на вработени, и откако се открило кој е укажувачот и бил избракан од работа. По судски спор кој траел повеќе од 2 години укажувачот е вратен на работа. Ивановска бара судските постапки со укажувачи да траат побрзо.

„Им е потребна обука на адвокатите, на судиите и сметам дека овие предмети во судските процеси треба да одат на брза лента, заради тоа што еве пак ќе кажам од примерот гледаме дека човекот две години остана ни на небо ни на земја, без работа“, рече Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.

За успешна реализација на законот за укажувачи, вицепремиерката за добро владеење вели дека е важно сите функционери, а особено оние кои работат со укажувачите да имаат интегритет.

„Ни требаат луѓе што имаат храброст да го пријават тоа. меѓутоа, исто така ни треба истовремено институции коишто ќе ги заштитат и ќе бидат гарант за доверливоста“, рече Славица Грковска, вицепремиерка за добро владеење.

Ова беше кажано на конференција организирана од Транспаренси интернешнл, чии претседател Слаѓана Тасева забележа дека Законот за заштита на укажувачи е двапати изменет. Досега се пристигнати повеќе од 30 пријави во Антикорупциската комисија, но се постапува во три случаи. Укажувачите покрај во Антикорупциската комисија, може да пријават случаи на сомневања за незкаонско работење и во МВР, Обвинителството, кај Народниот правобранител, како и во институцијата каде што работат преку посебната канцеларија за укажувачи.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button