ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Покрај патните документи, во земјата фалат и свидетелствата

Иако основните и средните училишта одредија датум за дистрибуција на свидетелства, сведителства нема. Бирото за развој на образованието, кое треба да ги обезбеди свидетелствата, не даде конкретен одговор за тоа кога училиштата ќе добијат  свидетелства. Од Бирото само рекоа дека поради Пандемијата свидетелствата се очекува да бидат во рацете на учениците до крајот на 2021 година.

„Имајќи в предвид дека училиштата во вакви услови не можат да организираат настани за делење на свидетелства, ве известуваме дека оваа учебна година свидетелствата ќе им бидат дадени на учениците до крајот на оваа година, врз основа на член 138 став 5 од Законот за основно Образование“, велат од Биро за развој на образованието.

Наставниците со кои контактиравме веќе ги завршиле сите постапки во врска со оценувањето на учениците, но сè уште чекаат свидетелства.

„26 јуни е одреден и за нашето училиште. Ако ги донесат свидетелствата, се надеваме дека ќе стигнеме до крајниот рок или до датумот одреден да ги дадеме свидетелствата“, изјави Сузана Јакупи Курбардовиќ, наставничка во ОУ „25 Мај“.

Свидетелствата ги има електронски, но релевантните институции треба да донесат долука дали можат да се поделат дигитално..

„Како одминува времето, сè се дигитализира, почнувајќи од дигиталните книги што би требало да започнат во периодот 2021-2022 година, се чини дека  и издавањето на свидетелствата ќе оди дигитално. Меѓутоа, се чини дека давањето свидетелства предизвикува некои емоции, како кај нашите наставници, така и кај учениците. Традиционалното давање свидетелства има многу големо значење“, рече Сузана Јакупи Курбардовиќ, наставничка во ОУ „25 Мај“ .

За оваа учебна година со свидетелства се снабдија само полуматурантите кои конкурираа во средните училишта, како и учениците кои требаше да го продолжат своето образование во странски земји.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button