ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Политичарите се препукуваат пожарите се разгоруваат

Освен шумските пожари, пожар и на политичката сцена. Власта и опозицијата, пред очите на оние кои им изгореа домовите, во расправија кој што можел, а не направил ништо за да се спречат пожарите. За ВМРО – ДПМНЕ скандалозно е што премиерот Зоран Заев заминал на одмор од 3 – ти до 12 – ти август и телефонски и преку интернет е во координација со институциите.

„И три дена нема ни трага ни глас од Заев. Тој е првоодговорен за состојбите. Не може неговиот одмор да биде поважен од животот на граѓаните. Тој и сите функционери се платени од парите на граѓаните, истите оние кои што сега се борат за живот и молат за помош“, рече Владо Мисајловски, ВМРО – ДПМНЕ.

СДСМ пак, го обвини претседателот на ВМРО ДПМНЕ дека профитира политички, злоупотребувајќи ја состојбата со пожарите низ државата.

„Без грам совест и елемнтарно чувство за одговорност политичкиот пироман Христијан Мицкоски оди чекор кон полошо и овој пат се обидува да профитира од пожарите. Мицкоски никако не извлекува поука од минатото и ги повторува грешките, на своја штета“, рече Стефан Васев, СДСМ.

Владата соопшти дека додека Заев е на годишен одмор, заодлжени за теренска координација се вицепремиерот Артан Груби, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, минстерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за земјоделие Аријанит Хоџа како и министерите и замениците од министерствата за образование и информатичко општество. На списокот, владата ги нема спомнато министерот за полиција Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче како и министерот за правда Бојан Маричиќ, што укажува дека можеби и тие се на годишен одмор.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button