ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Политичката состојба во Косово го одложи заедничкиот состанок меѓу македонската и косовската влада

Заедничкиот состанок меѓу владите на Косово и на Македонија, кој требаше да се одржи на 25 јануари, е одложен на неодредено време, поради предвремените парламентарни избори во Косово, соопшти на денешната прес конференција владиниот портпарол Мухамед Хоџа.

„На барање на Република Косово, односно Владата на Република Косово, одложено е одржување на заедничка седница меѓу двете земји. Причината е политичката состојба во Република Косово, таму беа најавени предвремени избори на 14 февруари, по завршувањето на изборниот процес и воспоставувањето институции таму, двете влади ќе го одредат датумот за одржување на заедничка седница“, рече Хоџа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button