ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Политички судири за црквата во Врапчиште

Тензиите во близина на црквата во Топлица, општина Врапчиште, предизвикаа политички судири. Партиите меѓусебно се обвинуваат дека во овој случај само поттикнуваат тензии. Арбен Таравари од коалицијата ВЛЕН во интервју за Алсат вели дека тензиите ги предизвикува опозициската СДСМ, поточно Оливер Спасовски.

Овие лица кои биле во општина Врапчиште се жестоки активисти на СДСМ и многу блиски на г.Хисен Шабани, за ова ќе имаме и докази. За сликите нормално дека сме се сликале со луѓе кои влегле и излегле од општината, но тие не се ниту наши пријатели ниту другари. Напротив, тие се жестоки активисти на СДСМ дури и многу блиски со г.Спасовски.

И премиерот Христијан Мицкоски оценува дека ваквите тензии се изолирани инциденти предизвикани од луѓе кои, според него, се плашат од одговорност.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче рече дека најостро го осудува поттикнувањето тензии за политички причини.

Во меѓувреме, од тетовско-гостиварската епархија истакнаа дека проблемите треба да се решаваат со законски средства, а не со протести и насилство. Повикуваат на воздржаност, посветеност и грижа за мир и меѓусебно почитување. Во меѓувреме, ситуацијата на терен е мирна. Пред два дена почнаа протести во просториите на општина Врапчиште. Ревотот настана поради прекинот на работите во близина на црквата во Топлица, кои според надлежните се изведувале незаконски.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button