ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Политички злоупотреби со европската ѕвезда на законите во Парламентот

Ставањето на европската ѕвезда на законите кога тие влегуваат во собраниска процедура често се злоупотребува. Затоа е потребно да се дефинира списокот на закони кои може да се носат со знаме на ЕУ, што всушност значи дека станува збор за закон важен за адаптација на нашето со европското законодавство. Според експертите, тоа би бил единствениот начин да се стави крај на злоупотребата.

Политикологот Ќани Нухиу нагласува дека списокот на закони ќе ги зголеми капацитетите за реформи и ќе ја зајакне внатрешната социјална кохезија.

Никогаш нема идеални закони, секогаш постојат можности што можат да бидат злоупотребени, сепак целта е да се избегнат големи злоупотреби. Верувам дека преку формулирањето на платформа каде што би се набројале прашањата, верувам дека во голема мерка може да се избегне политички волунтаризам на субјектите. Денес имаме една Влада, утре друга. Добро е да се создаде рамка – изјави Ќани Нухиу, политиколог.

Некои невладини организации веќе доставија вакво барање до Секретаријатот за европски прашања.

Препораките беа суштински и ќе бидат земени предвид при финализирање на Националната програма за усогласување со европското законодавство 2021-2025 – велат од Секретаријат за европски прашања.

Многу од законите кои влегуваат во собраниска процедура со европска ѕвезда скоро секогаш наидуваа на отпор кај опозицијата. Еден таков пример беше и Законот за употреба на јазиците, а во моментов има и целосно нов закон за учебници.

Анеса Салиху

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button