ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Политичките партии сè уште без детали како ќе учествуваат на локалните избори

Опозициските партии сè уште ја подготвуваат агендата за локалните избори. ВМРО-ДПМНЕ не ги открива слоганот и боите со кои ќе влезе во изборната трка. Во однос на предизборните коалиции, во принцип најголемата опозициска партија е отворена за предизборна соработка.

„Секој што е против криминалот на СДСМ е добредојден во соработка и ова јавно го потенциравме неколку пати. Со СДСМ иднината е невозможна. За четири години, докажаа сè “, велат од ВМРО.

Алијанса за Алабнците и Алтернатива работата на изборната програма, слоганот и боите. Претседателот на Изборниот штаб на Алијанса за Албанците, Ремзи Мемеди вели дека во моментов партнерите на коалицијата Алијанса-Алтернатива ја усогласуваат програмата, додека подоцна ќе се договорат за слоганот и боите. Како сигурни имиња се споменуваат Арбен Таравари во Гостивар, Исен Шабани во Врапчиште и Албон Џемаили во Боговиње. Прерано е да се зборува за предизборни коалиции.

„Мислам дека слоганот и платформата се диктираат меѓусебно. Кога ќе ја имаме програмата, ќе имаме слоган кој одговара на неа. Мислам дека ќе биде нешто добро за граѓаните. Веќе имаме коалициски партнер, Алтернативата. Заедно со нив работиме на конкретизација на техничките природи. Што се однесува до другите коалиции, во моментов нема ништо што може да се каже“, рече Ремзи Мемеди, шеф на изборниот штаб АА-Алтернатива.

Вчера, СДСМ го избра Љупчо Николовски за шеф на Изборниот штаб. Социјалдемократите на локалните избори во октомври ќе се натпреваруваат со слоганот „Подобро за нашата општина“, додека боите на партијата остануваат истите како на последните парламентарни избори. Од оваа партија велат дека сè уште работат на номинирање кандидати за градоначалници, додека неофицијално се дознава дека во одредени општини има преговори за предизборни коалиции со ДУИ и ДПА. Во меѓувреме, на 5 јуни, ДУИ ја претстави зелената агенда, за која се вели дека е програмска дефиниција за локалните избори. Мотото на овој субјект ќе биде „За зелена иднина“, што според нив се заснова на еколошки предизвици што ја очекуваат земјата отсега. Единствениот сигурен кандидат на интегративците засега е актуелниот градоначалник на Липково, Еркан Арифи, кого Ахмети го промовираше на средба со жителите во таа област. Од ДУИ велат дека во наредните денови ќе ги промовираат и другите кандидати. Од СДСМ и ДУИ велат дека се уште е рано да се зборува за кандидатот за градоначалник на Скопје.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button