ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Полицијата истражува издавање на возачки дозволи без поминување на филтрите предвидени со закон

Полицијата го истражува случајот со издавање на возачка дозвола без да се поминат филтрите предвидени со закон. Алсат од извори во полицијата дознава дека станува збор за доделување на возачки дозволи за пари од страна на лица сместени на разни позиции во и надвор од МВР, организирани да им се издава возачка на кандидатите без да се подложат тестови, полигон и возење низ град. Од Министерството за внатрешни работи кратко велат дека се запознати со случајот и дека Бирото за јавна безбедност работи на финализирање на акцијата.

За случајот веќе две месеци се информирани и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и директорот на БЈБ, Саше Тасевски.
Анонимни извори на Алсат велат дека првично биле запленети три возачки кои не ги поминале сите потребни филтри и дека за време на верификацијата е утврдено недостаток на задолжителна документација, односно положен тест, записникот од комисијата за возење низ град и од комисија за полигон. Истрагата покажа дека има издадено повеќе вакви возачки главно во Скопје.

Прашањата што треба да се одговорат се како ова незаконско дејство поминало незабележано во Центарот за тестирање и како лицата кои го документирале случајот пред да бидат ставени во системот на МВР, дозволиле фотографирање на кандидатот без да имаат целосна документација? Истрагата се води паралелно со Јавното обвинителство, а случајот е неофицијално отворен и во Внатрешната контрола на МВР. Истрагата треба да докаже дали станува збор за индивидуално дело на вработен кој го злоупотребил своето овластување за нелегални услуги или станува збор за организирана криминална група.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button