ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Полицијата санкционира 299 возачи во Скопје

Во акциска контрола во главниот град припадниците на Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера казниле 299 возачи. Сообраќајната полиција констатирала дека 50 од нив не ја почитувале дозволената брзина за движење, а 43 возеле без возачка дозвола.

Полицијата открила и 12 нерегистрирани и технички неисправни возила, а биле изречени и 21 мерка за користење на мобилен телефон, 14 за некористење сигурносен појас и 69 санкции за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, а полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button