ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Полицијата уапси маж кој пред осум години избегал од затворот „Идризово“

Во скопската населба Аеродром доцна синоќа бил уапсен маж кој пред осум години избегал од затворот „Идризово“. Триесет и четиригодишниот М. П. од скопско Мојанци бил баран по централна потерница поради бегство од затворот во 2015 година, а полициски службеници на МВР го нашле синоќа.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека мажот бил осуден на казна затвор од пет години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

По апсењето, тој е спроведен во затворот „Идризово“ за доиздржување на две години и шест месеци од казната.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button