ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Полициска акција за приведување лица во врска со постапката за пожарот во Кочани

Полициска акција за приведување лица во врска со постапката за пожарот во Кочани

Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани во врска со постапката за пожарот во клубот „Пулс”. Според првичните информации, приведени се поранешните градоначалници на Кочани, Николчо Илиев и Ратко Димитровски и градоначалникот во оставка Љупчо Папазов.

Advertisements

Од Јавното обвинителство вечерва соопштија дека акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации најави по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден.

 

 

Љупчо Папазов беше на сослушување пред обвинител во ОЈО Кочани на 17 март, а Обвинителството по завршување на неговиот распит најави дека дополнително ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката.

– Извршен е распит на градоначалникот кој даде определени појаснувања и сознанија. Таквиот исказ се споредува со доказниот материјал и надлежностите на општината, по што ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката- информираа од Обвинителството по завршување на распитот на Папазов.

Димитровски беше градоначалник на Кочани во период од 2009-2017 година, додека Илиев во период од 2017-2021 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button