ВЕСТИСВЕТ

Полицискиот час не го запре ширењето на вирусот, Франција размислува за трето „заклучување“

На Франција најверојатно ќе ѝ треба трет национален карантин, пред сѐ за најранливите групи на население, бидејќи важечкиот полициски час од 18 часот не успеа да го запре ширењето на новиот коронавирус, оценува Францускиот национален комитет за вакцини.

„Ако бројот на случаи продолжи да расте, ќе мора повторно да се вратиме во заклучување“, реклa епидемиологот Одил Лоне, која е членка на ова здравствено тело за телевизијата БФМ, пренесува Ројтерс.

Таа особено истакнала дека ограничувањата мора сериозно да се разгледаат, пред сѐ, како мерка за најранливата група на население.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button