ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Полог, се намалува бројот на хоспитализирани во Ковид 19

Ситуацијата со корона вирусот во полошкиот регион се смирува. Бројот на нови случаи и починати во овој регион се намалил последните денови. Во Гостивар, во моментов тројца пациенти се лекуваат во модуларната болница додека вкупно 17 се хоспитализирани.

Намален е и бројот на хоспитализирани од Ковид-19 во болницата во Тетово. Во моментов 28 пациенти се хоспитализирани на инфективното одделение. Сите пациенти со кислородна поддршка. Од тетовската болница најавуваат дека е намален и бројот на амбулантски прегледи.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button