ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Полуматурантите се растрчаа за упис во средните училишта

Полуматурантите почнаа да ги разгледуваат понудите на средните училишта за да одлучат во кое да го продолжат своето образование. Оние кои веќе се одлучиле велат дека тоа го направиле врз основа на малкуте презентации што некои средни ги направиле во основните училишта.

„Во иднина сакам да се запишам во гимназија, природно-математичка насока. За нас како полуматуранти потребно е училиштата да дојдат да се претстават во училиште, за да имаме повеќе знаења за средните училишта”, полуматурант

 „Сега веќе решив каде ќе се запишам, во средното градежно, архитектура. Тоа е насока која ми дава посигурна иднина“, полуматурант

Учениците кои веќе посетуваат стручни училишта велат дека овие насоки се најбрзиот начин да се вработат откако ќе го завршат средното.

 „Часовите се позабавни, има пракса, работиме на модели, работиме на цртежи и со теоретски дел. Тоа е многу профитабилно и според моето искуство мислам дека полуматурантите треба да бираат стручни училишта за што побрзо да добијат насока за живот“, ученик

„Ги повикам полуматурантите што повеќе да се фокусираат на професионалните насоки… Сите насоки кои се профитабилни, да продолжат да се занимаваат со таа работа“, ученик

Во средното градежно училиште „Здравко Цветковски“ голем број компании бараат нов кадар од областа на геодезијата и градежништвото. За овие насоки во новата учебна година се предвидени стипендии за студенти, во висина од над три илјади денари.

 „По завршувањето на четиригодишното градежно-геодезиско училиште, приватни фирми ги вработуваат како техничари во нивните фирми. Особено во последно време имаме многу компании кои постојано се интересираат и бараат, особено во градежништво и геодезија. Има дефицитарни насоки и побарувачката на пазарот е многу голема и по завршување на средното образование можат да се вработат“, изјави Тесним Етеми, заменик директор, СГГУГС “Здравко Цветковски”.

Уписите во средните училишта ќе се вршат на 14 и 15 јуни. За прв пат запишувањето ќе се врши онлајн преку линкот e-uslugi.mon.gov.mk. На конкурсот за средни училишта, за новата учебна година има нешто над 29 илјади слободни места за гимназиските и стручните насоки. /Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button