ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Полупразни угостителските објекти во Скопје

Рестораните и кафулињата низ главниот град се полупразни. Овој ден ќе се памети како најтежок ден за дочек на Новата Година, велат угостителите. 2021 граѓаните ќе ја дочекаат без традиционалните забави во рестораните и кафулињата со жива музика. Според угостителите, периодот што следи ќе биде уште потежок и дел од сопсвениците на угостителските објекти ќе бидат принудени да затворат.

„Ова што се случува денеска, баш на Нова Година, се гледа колку е траорно се. За жал, луѓето нема да се забавуваат како лани, знаете, коњопои нема, ниско седење со некоја тивка музика со 5,5 децибили. Во јануари и февруари ќе биде уште потешко зошто мислам дека ќе има масовно затворање на угостителеките објекти“, рече Трајко Цветков – Угостител.

На самиот праг на новата година од Туристичко – угостителската комора со порака до државата за поголема финансиска помош за да може овој сектор да опстои.

„Се цени помошта од државата, но апелираме во 2021 година таа да биде посилна и таргетирана кон поддршка на туризмот и угостителство, за да може да се преживее. Средствата се потрошени и ако нема посилна поддршка многу од деловните субјекти ќе згаснат. Многу е значајно во обезбедување на економската помош да има континуитет, односно таа да продолжи од јануари“, наведуваат од Сојузот на стопански комори.

Угостителите денеска вратите од објектите ќе ги затворат во 18 часот. Овие рестриктивни мерки за угостителските објекти ќе траат до 21 јануари, со цел да се избегне ширењето на корона вирусот и зголемување на бројот на новозаразени.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button