СВЕТ

Популацијата во светот достигна 7,8 милијарди

Од 1 јануари 2022 година, на Земјата живеат 7,8 милијарди луѓе. Тоа е зголемување за 74 милиони или 0,9 отсто во споредба со 1 јануари минатата година, според податоците на американското Биро за попис на населението.

Во текот на оваа година се очекува да има по 4,3 раѓања и по два смртни случаја секоја секунда.

Населението на САД во изминатата година се зголемило за речиси 707 000 луѓе, па од вчера таму живеат 332,4 милиони.

Од Нова година се очекува во САД на секои девет секунди да се раѓа по едно бебе, на секои 11 секунди да умира по едно лице и на секои 130 секунди да се раѓа по едно бебе од меѓународната мигрантска популација.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button