ЕКОНОМИЈА

Попуштањето на пандемијата ги раздвижи нашите граѓани на одмори низ светот

Значителното намалување на нови случаи со Ковид значително го зголеми бројот на наши граѓани кои сакаат да патуваат во странство. Од Угостителската туристичка комора на Македонија велат дека во моментов граѓаните се повеќе заинтересирани да патуваат во земји за кои не е потребен ПЦР тест или карантин. Албанија и Црна Гора не бараат ништо од тоа, па многумина ги гледаат како идеална можност за летово. Интерес има и за Турција и Египет.

Од 1 јуни Романија ги укина сите услови за влез на граѓани од Македонија бидејќи земјава сега е во зелената зона. Засега Романија е единствената во рамките на ЕУ што дозволува влез без никакви предуслови.

А, дали може да има олеснување за граѓаните на Македонија и пред истекот на рокот од 14 дена по приемот на втората доза, министерот за здравство, Филипче, вели – тоа е независна одлука на секоја земја

Туристичките агенции очекуваат во наредните месеци бројот на патници уште повеќе да се зголемува.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button