ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поради позитивни случаи, во Делчево онлајн настава следат 36 ученици

Поради позитивни случаи на Ковид-19, две паралелки од делчевската деветолетка ,,Св.Климент Охридски” од Делчево настава следат онлајн. Дополнително како што информираа од училиштето онлајн настава следат двајца ученици.

-Во училиштето ,,Св.Климент Охридски” по барање на родителите, предметна настава онлајн следи еден ученик од 8 одделение и 1 ученик од одделенска настава. Комплетно онлајн настава следат по една паралелка од 6 и 8 одделение, информираа од училиштето.
Во двете паралелки како што додадоа  наставата од дома ја следат по 17 ученика или вкупно 34 ученици.
Во останатите воспитно-образовни установи, како што соопшти Советникот за образование, Ванчо Новоселски наставата се одвива без проблеми.
-Во деветолетката ,,Ванчо Прке” немаме дете кое следи настава од дома, исто како и во Средното општинско училиште ,,Методи Митевски – Брицо”, нема позитивни ученици, додаде Новоселски.
Во сите воспитно-образовни установи во Делчево наставата започна со физичко присуство на учениците.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button