ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поради вирусот, општина Струга бара учебната година да почне на 20 септември

Поради лошата епидемиолошка состојба и растот на бројот на заболени со коронавирусот, општина Струга попладнево побара стартот на школската година да биде одложен. Наместо на 1 септември, наставата да почне на 20 септември. Ова доаѓа по денешната констатација од средбата на локалните власти со здравствените установи и претставниците на училиштата. На неа било нагласено дека состојбата со вирусот е полоша од претходната година. За таа цел поднесено е барање до Владата, Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести за пролонгирање на почетокот на учебната година во општина Струга.

Miki Trajkoski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button