ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Порака од поглаварот на ИВЗ за почетокот на Рамазанскиот пост

Поглаварот на Исламската верска заедница на муслиманските верници им го честита почетокот на Рамазан. Шаќир Фетаи во својата порака зборуваше за придобивките од постот во светиот месец. Добрината, мирот, хуманоста, зближувањето меѓу луѓето, подигнувањето на моралот во општеството и учењето се дел од пораките што ги пренесува овој месец. Фетаи посака за време на рамазанските пости да преовладаат човечките вредности, да владее мирот, почитта и толеранцијата кон сограѓаните без разлика на етничката и верската припадност.

„Важната и неопходната порака за времето во кое живееме што го пренесува Рамазан за нашето општество е пораката за мир, добрина и хуманост. Оваа порака се пренесува преку солидарност и милосрдие кон сиромашните, бидејќи со тоа што не јадеме или пиеме, најдобро разбираме што значи да се биде гладен и да се биде сиромашен. Преку оваа порака се создаваат мостови меѓу богатите и сиромашните и љубов и симпатии во срцата на луѓето“, рече Фетаи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button