МАКЕДОНИЈА

Поранешниот Дом на АРМ од утре ќе биде вакцинален пункт во Тетово

Во Тетово управната зграда на Музејот на тетовски крај или поранешен Дом на АРМ од утре ќе биде главен вакцинален пункт за спроведување на масовната имунизација против Ковид-19. Денес таму се подготуваа просториите за работа на медицинскиот персонал.

-Овој пункт ќе работи во три смени од осум часот наутро до полноќ. Работиме уште еден пункт да биде само за ревакцинација во Центарот за култура во скоро време. Ако почне школската година со физичко присуство полека вакцинирањето од спортската сала во медицинско училиште ќе го пренесеме во другите места затоа што учениците мора да одат на училиште, рече градоначалничката Теута Арифи.

Вакцинален пункт од утре ќе има и во амбулантата во село Порој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button