ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поранешниот осуден за „27 април“, Алими, во „Патот кон“ на Алсат

Поранешниот осуден за случајот „27 април“, Абдулфета Алими, во емисијата „Патот кон“ на Алсат од прва рака раскажа како биле отворени вратите на Собранието кога во него упаднаа илјадници граѓани. Според него, докажано е дека со клучевите за кои беше осуден не биле отворени вратите. Тој зборуваше и за периодот поминат во затворот, политичките понуди кои ги добивал за да биде ослободен, како и за сите пропусти кои, според него, се случиле намерно на 27 април 2017 година кога насилните демонстранти влегоа во Собранието.

„Тој ден бев систематизиран на тоа место. Никогаш претходно не бев таму 7 месеци, освен на критичниот ден. Не знаев за таквите игри. Со тие клучеви, средните врати никогаш не биле отворени. Знаете добро кој ги отвори вратите. По завршувањето на седницата, 95 отсто од нив заминуваат дома. Кога имаат конференција, треба да нè известат, но тој ден мене никој не ме извести. Најтешко ми беше кога ме осудија. Мојот син беше позади мене. Тој момент не можам да го заборавам. Се свртев и го видов синот, очите му беа насолзени и тивко ми рече: Тато многу. Дали некогаш ви бил понуден услов да бидете ослободени, но да се преминете во друга партија? После судењето имаше такви работи. Во затвор ми доаѓаа сигнали, но им кажувале и на децата“, рече Абдилфета Алими, поранешен осуденик за 27 април.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button