КОШАРКА

Портер Џуниор, го надминува рекордот на Леброн Џејмс

Кошаркарот на Хјустон Рокетс, Кевин Портер Џунјор, постави нов рекорд во НБА-лигата, станувајќи најмладиот кошаркар кој постигнал 50 поени на натпревар, додавајќи повеќе од 10 асистенции. Портер Џуниор (20) го предводеше тимот на Хјустон до победата над Милвоки Бакс од 143-136, завршувајќи го натпреварот со 50 поени и 11 асистенции. Претходниот рекорд го имаше Леброн Џејмс од Лос Анџелес Лејкерс, кој го забележа ова достигнување на 23-годишна возраст.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button