
Портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО) Тарик Јашаревиќ, денеска изјави дека се надева оти САД ќе ја преиспитаат својата одлука за повлекување од Организацијата.
Јашаревиќ им рече на новинарите во Женева дека, исто така, се надева дека ќе има конструктивен дијалог за ова прашање, за кој рече дека ќе биде од корист за сите Американци и луѓе ширум светот, објави Ројтерс.
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот потпиша извршна наредба за повлекување на САД од СЗО.