СПОРТФУДБАЛ

Последна сезона на Роберт Левандовски кај Барселона?

Оваа сезона може да биде последна за Роберт Левандовски во Барселона. Раководството на клубот веќе планира разделба со полскиот напаѓач на лето, тврди „ЕЛ Чирингито“.

35-годишниот голгетер во последните месеци играше под своите стандарди. Во Ла Лига има седум гола на 13 натпревари, но многу греши и на „Камп Ноу“ не се убедени дека Лева е човекот што ќе го води нападот следната сезона.

За поранешната ѕвезда на Баерн Минхен интерес пројавуваат клубови од Саудиска Арабија. Трансферот би му обезбедил на Левандовски огромна плата. Договорот на полскиот интернационалец со Барселона е до летото 2026 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button