ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Последни обиди да се тргне бугарското вето до крајот на годината

Во очекување на амбасадорскиот состанок на кој германското претседателство повторно ги враќа заклучоците за проширувањето на ЕУ, вклучително и за Северна Македонија, кои беа отстранети минатата недела поради блокадата на Бугарија за преговорите со Северна Македонија, шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева излезе со нови обвинувања против Скопје, а нејзиниот колега Бујар Османи со идеја за паралелно одвивање на имплементацијата на Договорот за добрососедство со пристапните преговори.

Прашана зошто нејзината земја го блокира почетокот на преговорите на С Македонија со ЕУ, Захариева дава серија причини, почнувајќи од имплементацијата на Договорот за добрососедство, обвинува за политизизација на работата на мешовитата историска комисија и за недоволно вложување во инфаструктурни проекти како железничкото поврзување на двете земји. На прашањето, дали има надеж да се најде компромис до крајот на годинава, кога завршува германското претседавање со ЕУ, Захариева одговара со цитат од францускиот претседател: „Квалитетот е поважен од брзината на процесот“ и бара да престане омразата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button