ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Последниве неколку дена намален трендот на новозаболени

Викендов е регистриран помал број на хоспитализирани лица од ковид 19 во земјава. Здравствените власти проценуваат дека бројот на нови случаи е намален, но сепак додаваат дека ќе имаме пореална слика следниве денови, бидејќи во недела се прават помалку тестови. Министерот Венко Филипче исто така најави дека иницирале измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита со цел да се намалат цените за лекување на пациенти со ковид во приватните болници.

Процесот на вакцинација продолжува низ целата земја. Вакцинацијата на медиумските работници над 40 години започна во А1 Арената во Скопје. Нивна вакцинација ќе продолжи и утре.

Преостанатите вакцини „Спутник V“ ќе им бидат дадени на граѓани над 77 години. Вакцинацијата за оваа категорија граѓани ќе продолжи со вакцините Астра Зенека и со кинеските вакцини кои се очекува да пристигнат во земјава како донација. Досега, над 24 илјади граѓани примиле вакцина, додека над 140 илјади други се пријавиле за вакцинација.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button