ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Посмртните останки на починатите, нареднава недела ќе се пренесат во земјава

Игор Стефановски

Посмртните останки на починатите 45 патници на автобусот „Беса Транс“ наредната недела ќе бидат пренесени во земјава. Откако вчера македонското обвинителство ги предаде сите докази на бугарското, вклучувајќи ги и ДНК анализите од роднините на починатите, во Бугарија треба што поскоро да заврши идентификацијата на починатите. На испомош на бугарските колеги пристигнати се и двајца патолози од Судска медицина. Мнистерот за надворешни работи кој комуницира со бугарското МНР не можеше да прецизира кој ден точно ќе бидат транспортирани телата на починатите во Македонија.

„Беше најавено една недела од случувањето на несреќата, меѓутоа има различни проекции, дека може да биде еден ден потоа, до крајот на неделата. Така што, не можеме точно да знаеме бидејќи сето тоа ќе зависи како во лабораторија ќе се одвива процесот на идентификација преку ДНК материјалите“, изјави Бујар Османи, Министер за надворешни работи.

Вчера во земјава пристигнаа двајца од седумте преживеани пациенти кои се сместени на Пластична хирургија. И двајцата се во стабилна состојба, потврди за Алсат директорката на клиниката доктор Софија Пејкова. Утре,уште тројца пациенти од Софија ќе се транспортираат во Скопје за третманот на опоравување да го продолжат дома. Сите пациенти кој ја преживеаа страотната несреќа ќе бидат хоспитализирани на клиниката за пластична хирутгија, само еден на трауматологија.

Кобната несреќа се случи утрината на 23 ноември кога 45 луѓе изгореа во автобус на „Беса Транс“ на автоматот „Струма“ во Бугарија, откако автобусот удри во банкината и се запали. Вратите на автобусот останаа затвоени, и патниците не успеаа да се спасат./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button