ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Постигнат е договор меѓу СОНК и Министерството за образование

Ниту 18, ниту 10%. Владата и СОНК вечерва се договорија платите во образованието да се покачат за 15%. Би се исплаќале почнувајќи од септемвриската плата.
Вечерва договореното официјално ќе биде потпишано за десетина дена.
Дополнително, на вечерашнава средба било договорено штрајкувачите во училиштата сепак да ја добијат целата плата и за времето додека беа во штрајк, а од септември би требало да се потпише и нов колективен договор за нив.
За овие две прашања, кои се однесуваат на градинките, дополнително СОНК ќе бара решение со Министерството за труд, но и тие вработени ќе добијат раст на платите од 15%.
На почетокот на штрајкот СОНК бараше раст од 18%, а Владата понуди само 10, а потоа 12%. Прекинот на наставата траеше повеќе од две недели.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button