МАКЕДОНИЈА

Потпишан договор од 744.000 евра за проектот „Крушево и Елбасан – препознатлива прекугранична туристичка дестинација“

Крушевскиот градоначалник Томе Христоски го потпиша договорот за проектот „Крушево и Елбасан – препознатлива прекугранична туристичка дестинација“, вреден 744 илјади евра. За Христоски ова значи официјален почеток на овој значаен проект и голем напредок во развојот на туризмот.

-Денеска го потпишав договорот со кој официјално започнуваме со имплементацијата на уште еден проект од областа на туризмот. Со проектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ кој достигна сума од преку 700.000 евра, продолжуваме со намерата за подобрување на туризмот и туристичката инфраструктура, како и помош за угостителскиот сектор и поголема промоција на Крушево во меѓународни рамки. Туризмот е наш приоритет и тоа е иднината на Крушево, изјави Христоски.

Проектот опфаќа изградба на паркинг во параглајдинг-центарот во Крушево, поставување две мерни станици на полетувалиштето за параглајдерство на Мечкин Камен, ЛЕД осветлување на објектите од културата и изградба на патека за „даунхил“, планински велосипедизам.

Крушево ќе го имплементира проектот и преку различни видови обуки и настани за градење на капацитетите на угостителскиот сектор, вели Христоски.

Во проектот, покрај општините Крушево и Елбасан, се вклучени и две невладини организации од двете држави. Активностите се дел од Прекуграничната програма: Република Северна Македонија – Република Албанија, во рамките на претпристапниот инструмент, алокации од 2018 до 2020 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button